СДСМ: Исплатени 1,3 милијаради денари субвенции за 17.000 тутунари

од Nikola Popovski
184 прегледи

Владата предводена од СДСМ во време на светска економска и енергетска криза, постојано води грижа за земјоделците и инвестира во домашното земјоделско производство. Заврши целосната исплата на субвенциите за тутунот од реколтата 2021, а исплатени се вкупно 1.3 милијарди денари или над 20 милиони евра на сметките на 17.000 тутунопроизводители, информира на прес-конференција, Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство на СДСМ.

Тој истакна дека шроцедурата со која тутунарите ја добија оваа финансиската поддршка започна веднаш откако пратениците во Собранието ја одблокираа законската измена во законот за земјоделство и рурален развој, преку одложувањето на обврската кон УЈП.

-Во период кога сите држави се трудат да го зголемат своето земјоделско производство, земјоделците не смеат да бидат предмет на блокади и политички игри како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ со измените на Законот за земјоделство и рурален развој.

Тоа ја покажува деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ преку секакви средства ја блокираат државата, притоа директно нанесувајќи шетета на земјоделците, додаде Георгиевски на прес-конференцијата.

Слични содржини