СДСМ: Изградбата на Коридорот 8 значи помали трошоци за превоз, побрз транспорт и интеграција на С. Македонија

од Nikola Popovski

Изградбата на Коридорот 8 значи помали трошоци за превоз, побрз транспорт, поврзување и интеграција на Северна Македонија, како и економски и регионален развој на државата, порачаа утрово од СДСМ.

Од партијата порачаа дека изградбата на модерни, современи автопати на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – труга – Ќафасан, обезбедува подобро и побезбедно поврзувaње за граѓаните, подобри услови за стопанството, значителен поттик за трговијата и раст на инвестициите.

-Коридорот 8 е дел од најголемиот инфраструктурен проект досега во нашата држава во патниот сектор, за изградба на четири автопатски делници во вкупна должина од околу 110 километри, во вредност од 1,3 милијарди евра, соопштија од СДСМ и додадоа дека партијата ќе продолжува да инвестира во инфраструктура и проекти.

Изградбата на автопатските коридори 8 и 10 д ќе го врши американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка со закон кој помина Собранието.

Слични содржини