Во програмите на нашите кандидати за градоначалници ќе го најдете најдоброто за вашата општина во добро осмислени и реално остварливи проекти. За разлика од опозицијата која покажува несериозен однос кон граѓаните со понуда на проекти кои немаат допир со реалноста, ние даваме збор, одговорно и домаќински, дека нашите проекти ќе станат реалност до 2025 година, велат од СДСМ преку соопштение.
Според нив, доказ за тоа е фактот дека денес имаме раздолжени општини.
-Изминатите четири години покажавме дека со нас граѓаните се на сигурно, дека ќе се работи, дека нема да остане ниту една општина запоставена и дека локалните самоуправи и понатаму ќе останат висок приоритет на централната власт. Проектите во програмите на нашите градоначалници се доказ за тоа, стои во партиското соопштение.