„ВМРО-ДПМНЕ шири дезинформации во врска со откупот на јаболката, но фактите го потврдуваат токму спротивното дека институциите предводени од СДСМ посветено работат домашното земјоделство да биде поконкурентно, а субвенциите се исплаќаат редовно и неселективно“, стои во партиското соопштение на СДСМ, како реакција на изјавата на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, во изминатата 2020 та година, на пазарите на големо, кај сите видови на овошје, а особено кај сите сорти на јаболка се бележи рапидно зголемување на цените во однос на 2019 та година. Така просечната цена за откуп на златен делишес е зголемена за речиси 80%, а за ајдаред за над 50%, најмал пораст има кај цената на јонаголд за речиси 7%.
„Истовремено јаболкото, е најизвезувано овошје во минатата година, кое донело 25 милиони евра девизен прилив во државата и на него отпаѓа над 40% од вкупниот извоз на овошје од Македонија.
И покрај здравствената и економска криза во светот субвенциите се исплаќаат редовно. Во 2020 година редовно и неселективно се исплатени вкупно над 4,9 милијарди денари субвенции, а се подмируваа заостанати неисплатени субвенции од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година“, велат од СДСМ.