СДСМ ја поздрави посветеноста на Хан и останатите меѓународни претставници

од desk3

Текот и исходот на лидерската средба одржана во Брисел, под покровителство на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, предизвикаа различни коментари, шпекулации и дезинформации во медиумите и во јавноста во Македонија.

бриселска маса

СДСМ укажува дека ставовите на партијата по повод одржаната средба се презентирани во изјавите на партиските функционери и во официјалните соопштенија на партијата.

Воедно, уште еднаш ја поздравуваме целосната посветеност пред се на еврокомесарот Јоханес Хан, како и на останатите меѓународни претставници присутни во Брисел, американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, амбасадорот на ЕУ во Македонија Аиво Орав, претставникот на службата за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија Ален Ле Роа како и на европратеникот Иво Вајгел и изразуваме благодарност за активното учество и личниот придонес преку давање предлози и решенија за излез од длабоката политичка криза во којашто се наоѓа Република Македонија.

Слични содржини