СДСМ: Ја разбираме нервозата на Мицкоски, владата предводена од Заев сработи и тоа сите го поздравуваат

од Vladimir Zorba

„Цели 11 години нашата татковина беше заробена и заглавена од режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, далеку од ЕУ и НАТО. Тоа е истиот Никола Груевски чив советник беше Христијан Мицкоски, денеска се уште негов шеф. Ниту датум, ниту реформи, ниту позитивни извештаи, ништо, 11 загубени години за државата, за граѓаните, тоа е резултатот на ВМРО-ДПМНЕ“, реагираат од СДСМ на интервјуто на лидерот на опозицијата за „Алфа“ ТВ.

„По демократските промени за само 2 години, се е поинаку, се е подобро. За само 2 години, од заробена држава, со спроведените реформи од страна на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, Северна Македонија е светол пример. Датумот за почеток на преговорите со ЕУ е извесен а Северна Македонија е веќе членка на НАТО

За прв пат после 11 години нашата земја не само што има најпозитивен Извештај за напредокот од Европската комисија и безусловна препорака за почеток на преговорите туку има потврда и силна поддршка од сите земји членки на Унијата.

Тоа е огромна разлика. Напредокот е во сите сегменти а тоа најмногу се гледа во економијата.

Од -1.8 во времето на ВМРО-ДПМНЕ економијата сега порасна за 4.1%. Невработеноста е намалена на најниски досега 17.8%. Во последните 2 години отворени се над 49 илјади нови работни места. Извештајот на Конференцијата на ОН покажува дека Северна Македонија забележила најголем раст на директните странски инвестиции од 260%.

Класична лажна вест е невистината на Мицкоски дека буџетот не се полни, состојбата е одлична, граѓаните да бидат спокојни, диолговите што ги остави ВМРО-ДПМНЕ се сервисираат.

Ја разбираме нервозата на Мицкоски, владата предводена од Зоран Заев сработи и тоа сите го поздравуваат.

Најмалку што можеше Мицкоски да каже денеска е да го поздрави напредокот на неговата земја и да се заблагодари за поддржката од нашиот сојузник и пријател СР Германија.

Колку и да не му се допаѓа на Мицкоски, нашата татковина граби кон интеграција во ЕУ и НАТО“, се додава во реакцијата.

Слични содржини