Последниве неколку сведоци сме на објава на документи со кои се покажува како досегашниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев ја злоупотребувал својата функција за сопствени интереси на начин на кој си вртува маркица за изградба на бензинска пумпа во просторот на неговата компанија. Исто така постојат основани сомненија дека со користење на негови бизнис партнери како параван, купил земјоделско земјиште од над 21.000 метри квадратни во месноста 12 Ваташки Другари, обвинуваат од владеачката СДСМ.
Според нив, во постапка е промена на детален урбанистички план со цел промена на земјиштето од земјоделско во градежно, со што вредноста ќе се зголеми над десет пати
-Деталниот урбанистички план за оваа локација предвидува изградба на нова елитна населба 3. Токму поради ова ги повикуваме надлежните институции да покренат соодветна постапка и да ги истражат овие случаи, стои во партиското соопштение.