СДСМ: Кај ВМРО-ДПМНЕ нема промена, продолжуваат со блокади и лажни вести

од Nikola Popovski
150 прегледи

Од СДСМ утрово соопштуваат дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е партија во која нема никаква промена, која знае само за блокади, деструкции и лажни вести.

-Опозициската партија поттикнуваше кршење на мерките за заштита од коронавирусот, поддржуваше антиваксерски протести, се противеше на мерките за помош на граѓаните и стопанството и се уште ја кочи изградбата на новиот Клинички центар. Тоа е потврда за нивното антидржавно однесување кое одамна е препознаено од граѓаните, стои во партиското соопштение, каде се додава дека со таквиот однос, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов, седми пораз од граѓаните на следните локални избори.