СДСМ: Како одговорна партија продолжуваме со вистинска грижа за македонскиот јазик

од Nikola Popovski
248 прегледи

Токму Владата предводена од СДСМ, пред две години, 5 мај го прогласи за Ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо. Оваа година, токму на 5 мај беше промовиран и дигитален толковен речник на македонски јазик со над 100 илјади зборови“, стои во соопштението на владеачката партија СДСМ.

Според нив, јазичното богатство во толковниот речник на македонскиот јазик е уште едно сведоштво за различноста и посебноста на македонскиот јазик во словенскиот свет и за неговата автентичност во светската листа јазици.

„Донесен е и нов Закон за употреба на македонскиот јазик, кој опфаќа негова заштита, унапредување и збогатување. Владата усвои мерки кои предвидуваат афирмирање на македонскиот јазик на странските универзитети, како и Фонд за поддршка за изработка на научни дела посветени на македонскиот јазик, со цел за негово уште поголемо унапредување. Како одговорна партија продолжуваме со вистинска грижа за македонскиот јазик“, стои во партиското соопштение.

Слични содржини