Како што зборуваа за Арсовска, така ДПМНЕ сега зборува за Силјановска Давкова, порачаа утрово од СДСМ преку соопштение. Според владеачката партија, од ВМРО-ДПМНЕ велеа дека имаат решение за Скопје, кое ќе прерасне во модерен град, односно граѓаните ќе се возат бесплатно во нови 250 еколошки автобуси и ќе дишат чист воздух од големите мега паркови.
-Скопје сега е најзагадениот и највалканиот град не само во регионот и пошироко, со нефункционална администрација, со јавни претпријатија кои се дават во долгови, со запрени и прекинати проекти, полни контејнери и валкани улици.
ДПМНЕ едно зборува, друго прави. Велат дека се за ЕУ, а немаат ни план, ни визија, ни волја за тоа, туку напротив наместо европска иднина нудат враќање во минатото.
СДСМ има јасен план и визија до 2030 година државата да стане земја членка на ЕУ, истакнаа од СДСМ.
Продолжува изборната кампања за претседателските избори, кандидатите и денеска со митинзи, дебати и средби со граѓани. Кандидатката од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова ќе ја претстави изборната програма пред жителите на Дојран, Валандово и Гевгелија.
Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски денеска ќе биде на средба со граѓани во Чашка, Свети Николе и митинг во Велес.