СДСМ: Касами стана градоначалник со поддршката на ДПМНЕ, нивната соработка продолжува

од Stefanija Kuzmanovska
328 прегледи

По ден и пол молк, се јави Христијан Мицкоски ама не кажа ниту збор за настаните во Тетово и Скопје. Нема ништо од Мицкоски ниту за државната химната, ниту за државното знаме, ниту за провокациите, нема ниту осуда, наведуваат од СДСМ.

„Со ова Мицкоски се стави во одбрана на своите коалициски партнери кои беа организатори на настаните во Тетово и Скопје.

Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми.

ДПМНЕ е коалиција во Тетово токму со Касами. Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа.

Наместо да молчи, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата за настаните во Тетово и Скопје“, посочуваат од партијата.

Слични содржини