СДСМ ќе гласа против Законот за локална самоуправа

од Nikola Popovski
34 прегледи

СДСМ и коалицијата се против измените на Законот за локална самоуправа, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ. Сметаат дека на овој начин се нарушуваат демократските принципи на функционирањето и поделбата на власт во државата.

-Исто така сметаме дека носењето на вакво законско решение е спротивно на уставните начела со кои што граѓаните ги носат одлуките за локалната власт, исто како што и за централната. Сметаме дека носењето на вакво решение, во кое што без одлука на граѓаните ќе можеме да вршиме промена на градоначалници во општини, на тој начин се одзема правото на граѓаните и се манипулира со нивната волја. Сосема исправно е да кажеме јасно и гласно пред македонската јавност дека ваков закон  не може да добие поддршка од СДСМ и сметаме дека кога станува збор за изборите, последниот збор мора да го има граѓанинот, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.

Од власта очекуваат поддршка од сите политички партии, бидејќи како што велат, Законот е рационален и ги намалува трошоците на граѓаните и на државата.

Темата се актуелизираше откако градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, стана министер за здравство, Тимчо Муцунски од Општина Аеродром е министер за надворешни работи, додека пак првиот човек на Сарај, Блерим Беџети од ДУИ, кариерата ја продолжи како пратеник.

Слични содржини