СДСМ ќе оди со свој кандидат на претседателските избори, најави Ковачевски

од Nikola Popovski
237 прегледи

Доскорешниот премиер Димитар Ковачевски најавува дека СДСМ ќе оди со свој кандидат на претседателските избори. Според него, најмногу прашања се вртат околу тоа дали претседателот Стево Пендаровски ќе оди за втор мандат. Ковачевски смета дека шефот на државата одлично си ја извршувал својата функција во текот на изминатите пет години.

Тој во интервју за МИА додал дека јасно е каков ќе биде профилот на претседателот што ќе го предложат, односно, ќе дели европски вредности, ќе се залага за заокружување на процесот на европски интеграции на државата до 2030 година којшто нема да ги дели граѓаните по ниту еден основ не само етнички, туку и по која било припадност на кој било граѓанин во нашата држава

-Сметам дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е единствена партија која што може да даде таков кандидат и се потврдило во минатото дека кандидатите коишто биле предложени од СДСМ, а коишто станале претседатели на државата застапувале токму такви вредности. Ние сме коалиција која што има најголем број на политички партии во неа и сметам дека исто така дека на тој начин ќе биде продолжена и политиката на добрососедски односи, политика на одлични меѓуетнички односи во државата и секако политиката на одлични односи со стратешките партнери со САД, Велика Британија и Европската Унија, рекол Ковачевски во интервјуто.

Слични содржини