СДСМ ќе поддржи законска одредба со која 100 илјади граѓани нема да го изгубат правото на глас

од Nikola Popovski

Екс-премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска информира дека неговата партија ќе поддржи законска одредба со која граѓаните ќе можат да гласаат на изборите со стари документи со старото уставно име. Станува збор за 100 илјади граѓани кои немаат важечка лична карта, а имаат пасош со старото уставно име, кој е исто така неважечки.

-Министерот за внатрешни работи очигледно не знае дека работните групи кои работат на Изборниот закон, работат на одредба, со која што ќе се дозволи на секој граѓанин да го искористи правото на глас, рече Ковачевски.

-Бројка околу 100 илјади граѓани, на кои што мора да им биде обезбедено своето демократско право за гласање, додаде претседателот на СДСМ.

Во однос на користењето на службеното возило од страна на вицепремиерот Бојан Маричиќ, во неделата при потпишувањето за кандидатурата на Стево Пендаровски, Ковачевски не сакаше да одговори и ги упати новинарите да го прашаат лично Маричиќ.

Техничкиот министер Панче Тошковски во неколку наврати апелира до Собранието да се промени законската одредба кое што го регулира начинот на идентификација и начинот на гласање се со цел да можат 100.000 да не го загубат правото на глас.

Слични содржини