СДСМ ќе предложи поставување полицајци во училиштата кои би се грижеле и за пешачките премини

од Nikola Popovski
39 прегледи

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска изјави дека смета оти е добро што ќе има јавна расправа во Собранието за законски измени за зајакнување на безбедноста во сообраќајот, напоменувајќи дека тие како партија деновиве веќе подготвиле одредени предлог законски решенија, од кои едното се однесува на одземање на возилото, меѓу другото како една од мерките во потешките случаи, по примерот на некои европски земји.

Според искажаното, СДСМ ќе предложи заострување на казните за тешките прекршоци во сообраќајот и поставување полицаец пред и во секое училиште за време на наставата. Тој полицаец би се грижел за безбедноста на влезот во училиштето и на пешачките премини, но, и за безбедноста за училиштето, гледајќи дел од инцидентите во регионот.

-Вториот предлог ќе биде сериозно заострување на казните за најтешките прекршоци во сообраќајот, додаде претседателот на СДСМ, одговарајќи на новинарски прашања.

Несреќно згаснатиот млад живот на Фросина Кулавкова ги мобилизираше пратениците. Се поставува дилемата дали е на повидок решавање на горливиот проблем со сообраќајот во земјава. В петок, на јавна расправа ќе се анализира состојбата и ќе се утврдува потребата од измени на законските прописи за поголема безбедност во сообраќајот. Измените на законот добија поддршка и од Левица, а од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ очекуваат поддршка од сите.

Многубројните кампањи за безбедност во сообраќајот не придонесоа да се намали бројот на жртви. Останува констатацијата дека сообраќајната култура во земјава е на многу ниво.

Слични содржини