СДСМ: Ковачевски го предводи концептот за европска иднина, Мицкоски за враќање во изолација

од Берта Китинска
152 прегледи

СДСМ предводена од претседателот Димитар Ковачевски е предводник на конпцептот за Европска Македонија, наспроти кој стои концептот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело во Христијан Мицкоски, кој ја води државата во изолација и враќање назад во минатото, велат од СДСМ.

Европскиот концепт, чиј предводник е СДСМ, значи заштита на македонската посебност и сигурна европска иднина, за подобар живот на сите граѓани.

-Тоа значи заштитен идентитет и македонски јазик, што се потврдува со претстојното потпишување на договорот со Форнтекст кој ќе биде потпишан на македонски јазик, без фусноти, ѕвездички и објаснувања.Одговорните и тешки одлуки на институциите предводени од СДСМ обезбедуваат европска иднина.Спротивен концепт заговара опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Концептот на Христијан Мицкоски ја води земјата во изолација и враќање назад во минатото, да седи народот сам, раскаран со светот, со ЕУ.Со одговорните и државнички политики на СДСМ и Ковачевски, државата до 2030 година може да стане полноправна членка на ЕУ.Македонските граѓани заслужуваат гордо и со крената глава да станат дел од европското семејство, да имаат подобар европски животен стандард, посочуваат од владејачката партија.