Претседателот Димитар Ковачевски, има економски план за иднината, кој е одговор на сите предизвици, кој обезбедува сигурна иднина и економски раст, соопштија утрово од СДСМ.
Партијата посочува дека во првите 10 месеци од годинава, санирани се последиците од светската економска криза со два пакети мерки вредни 760 милиони евра.
-Резултатите се веќе видливи, во тешки услови успеавме да обезбедиме доволно храна, струја, енергенси, да ги подджиме граѓаните компаниите и да ја спасиме македонската економија.
2023 ќе биде година на пресврт и економски раст. Со Буџетот за 2023 предвидени се дополнителни средства за исплата на плати и пензии, односно следната година повторно ќе имаме раст на минималната плата и на пензиите согласно новата методологија. 800 милиони евра се предвидени за капитални проекти, тоа се средства директна инвестиција во локалниот економски развој и во домашното стопанство, потенцираат од СДСМ.