СДСМ: Ковачевски со Бајден, Мицкоски со Апасиев, тоа е разликата

од Берта Китинска

Претседателот на СДСМ при посетата на САД се сретна и со американскиот претседател Џо Бајден.Посетата на САД, Ковачевски ја искористи да оствари средби со неколку европски државници, да ја закане меѓународната позиција на државата, да гради нови партнерства во време на светска економска и енергетска криза, велат од СДСМ.

Пттаму влеат дека додека Ковачевски прави дипломатски напори, Христијан Мицкоски заедно со неговиот единствен поддржувач, Димитар Апасиев дејствува на штета на граѓаните и државата.

-Додека Ковачевски прави напори да обезбеди доволно електрична енергија и енергенси, додека Владата ги покачува пензиите и платите во бројни сектори, Мицкоски ги блокира инситуциите, изигрува шпицен градоначалник, обвинуван е за вмешаност во спорни тендери и се испорака со голем број од опозициските партии.Тоа е разликата помеѓу одговорниот државнички однос на Ковачевски и СДСМ и деструктивноста и неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат од владејачката партија.

Слични содржини