СДСМ: Ковачки да не измислува – ВМРО-ДПМНЕ го сквернавеше Илинден

од Nikola Popovski
239 прегледи

СДСМ ги обвини Драган Ковачки и ВМРО ДПМНЕ дека тоа што го направија на 2-ри Август е срамно, нечесно и антидржавно.

-Ковачки, заедно со Александар Николовски намерно задоцнија на манифестацијата, а заминаа пред интонирањето на химната. Граѓаните кои масовно, гордо и достоинствено го прославуваа празникот, му дадоа одговор ма Ковачки и неговите сопартијци, кои покажаа незадоволство од нивното неодговорно однесување, велат од владеачката партија, потсетувајќи дека „ВМРО-ДПМНЕ на Мечкин камен свесно го сквернавеше Денот на републиката“.

Од СДСМ додаваат дека со тоа „ВМРО-ДПМНЕ погази по идеалите на Крушевскиот манифест, ги погази жртвите од Илинденското востание, дадени за слободна држава“.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки денеска истакна дека на вчерашниот настан имало повеќе полициски службеници отколку граѓани што според него покажува дека власта бега од народот.

-Премногу полиција имаше и на Мечкин Камен и во самото Крушево од она што можевме да го видиме, дури имаше и повеќе полиција од народ и факт е дека оваа власт бега од народот и на тој начин се обидува да се одвои од народот, рече тој.

Слични содржини