Според сведоштва на граѓани, цели населени места околу Скопје, како на пример Булачани, Раштак Црешево и Стајковци се целосно отсечени од јавниот превоз, автобусите на ЈСП воопшто не сообраќаат до овие населени места. Ништо поразлично не е ниту со градските линии кои наместо на почести интервали како што излажа Данела Арсовска, возат разретчено без почитување на возниот ред, па затоа секој ден автобусите се преполни, обвинија попладнево од СДСМ.
Владеачката партија повтори дека „градоначалничката не само што не набави нови автобуси, не само што нема намера да воведе бесплатен автобуски превоз, таа и раководството на ЈСП не знаат да менаџираат ниту со постоечките автобуси“.
-Секојдневно се потврдува неспособноста на Арсовска, која ништо не работи, а последиците од таквата неспособност, за жал, директно ги чувствуваат жителите на Скопје, стои во соопштението на партијата од „Бихаќка“.