СДСМ: Кризата со пожарите покажа дека имаме систем и дека како држава имаме пријатели во регионот и Европа

од Nikola Popovski
170 прегледи

Во вакви сложени услови ја искажуваме нашата поддршка на сите надлежни институции на централно и локално ниво кои се справуваат со пожарите. Системот функционира, државата е тука за граѓаните, бргу се организира и веќе е воспоставена контрола на постоечките жаришта. Обезбедена е и меѓународна поддршка со чија помош ќе успееме полесно да се справиме со овој предизвик, велат од владеачката СДСМ.

Според нив, кризната состојба ќе им овозможи на институциите на посоодветен начин да ги планираат и спроведуваат активностите и ќе овозможи активирање на сите капцитети со кои во моментов располага Република Северна Македонија.

-Апелираме до сите политички партии во овие моменти да покажат сериозно ниво на одговорност, да се воздржат од сензационалистички настапи, неодговорно пласирање конструкции и да ги поддржат институциите и ангажираните луѓе кои се справуваат со пожарите. МВР веќе ја информираше јавноста за лица против кои се водат постапки за можно подметнување на пожар, ги поттикнуваме сите надлежни институции – пред се јавниот обвинител, да поведат истраги и да се утврди евентуалната одговорност. Оваа криза покажа дека имаме систем и дека како држава уживаме меѓународен углед, имаме пријатели и во регионот и во Европа, стои во партиското соопштение на СДСМ.

Слични содржини