Во историјата на државата нема поштетен субјект од партијата ДПМНЕ, 32 години крлежите од оваа партија ја уништуваат државата, соопштија денеска од СДСМ како реакција на објавата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со случаите на конго-кримската треска.
Според СДСМ, партијата предводена од Христијан Мицкоски бесрамно злоупотребува човечки трагедии за политички цели, а здравјето, интересите и потребите на граѓаните им се на последно место.
Тоа најдобро се покажа во време на пандемијата со коронавирусот кога лично Мицкоски лажеше дека немало тестови, дека немало персонал, лично тој прв ги прекршуваше мерките за заштита и го загрозуваше јавното здравје. И денес исто како и тогаш шират лажни вести за работата на здравствените институции посветени на заштита на јавното здравје. ДПМНЕ со своето дејствување е опасност по здравјето и сигурноста на граѓаните, стои во партиското соопштение.
Најголемата опозициска партија обвини дека здравствените власти не реагираат и дека Комисијата за интра хоспитални инфекции при Инфективната клиника е на одмор.