Македонската борба е е борба за создавање на европска и напредна држава, за интеграција и подобар животен стандард за сите граѓани, прогресивна иднина за младите. Македонската борба не за изолација, уназадување и стагнација, што е понуда на лажните патриоти од ДПМНЕ и Левица, порачаа утрово од СДСМ.
Според партијата, лажниот патриотизам и блокадата на европскиот пат води до нов егзодус и иселување на младите, до загрозување на македонскиот идентитет.
-СДСМ заедно со граѓаните ќе ја обезбеди македонската европска иднина. Сите македонски граѓани да бидат европски граѓани, со поголеми плати, со поголем животен стандард, со европски квалитет на живот, децидни се од партијата на власт.