Пратениците од коалицискиот партнер на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Левица, денеска гласаа против Декларацијата за Украина во македонското Собрание. Левица ја поддржува Русија во агресијата врз Украина, соопштија вечерва од партијата СДСМ.
Според владеачката партија, коалицискиот партнер на Мицкоски, Димитар Апасиев веќе ги користи зборовите на Путин.
-Денеска и пратеникот Крмов ги нараче Украинците неонацисти. Да се поддржува воена агресија врз суверена држава е недозволиво, тоа е кршење на меѓународното право и суверенитетот на Украина. Левица е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието но и на локално ниво во многу општини.
Кој е ставот на Христијан Мицкоски за поддржувањето на воената агресијата на Русија врз Украина од страна на неговиот партнер Левица?, прашаа од СДСМ.
Во текот на денот, Собранието со 100 гласа „за“, три „против“ и ниту еден „воздржан“ ја донесе Декларацијата со која се осудува рускиот напад на Украина и се почитува територијалниот интегритет и суверенитет на земјата.