СДСМ: Лидерската ќе биде во 12 часот, жалиме за агендата на Мицкоски кој работи само 2 саати дневно

од Nikola Popovski
299 прегледи

СДСМ денеска соопшти дека лидерската средба во понеделник ќе се одржи во 12 часот.

-Жалиме што ќе мора да му ја пореметиме агендата на Христијан Мицкоски, кој очигледно, како што потврдува неговата ДПМНЕ работи само два часа во текот на денот, од 09-11 часот, додадоа од владеачката партија.

Ова следува откако претходно од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека се согласуваат за лидерска средба во понеделник, но замеруваат тоа што комуникацијата, како што велат, по вака важни прашање, се врши по медиуми.

-Лидерска средба е секако прифатлива за во понеделник, на која очекуваме да се разговара конечно за прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на Обсе Одихр, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички оремиер од ДУИ. Воедно бидејќи се одлучи за комубикација преку медиуми, замолуваме средбата да биде после 11 часот во понеделник бидејќи претседателот на ВМРО ДПМНЕ има часови со студенти на Машинскиот факултет каде работи како редовен професор, велат од најголемата опозициска партија.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера од заедничката прес-конференција со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел најави дека за в понеделник е закажана лидерска средба.

Покана за лидерската, како што рече Ковачевски, уште денеска ќе биде испратена до претседателите на сите парламентарни политички партии и до собранискиот спикер Талат Џафери.

Предвидено е на средбата да се разговара за евроинтеграцијата на Северна Македонија, за одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори како и измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Слични содржини