Во Македонија приказните на Груевски за нови вработувања и инвестиции се чиста лага, а потврда за тоа дојде и од светски познатиот институт Като којшто ја смести Македонија на 13-то место по мизерија и беда во светот.

 

Македонија е 5-та земја по мизерија и беда во Европа!

Misery Index 2015.jpg

Виртуелните политики на Груевски ја сместија Македонија помеѓу најбедните земји во светот како што се  Венецуела, Уругвај, Молдавија, Украина.

 

Ставрески и Пешевски главните промотори на промашените економски политики на Груевски треба да излезат и да објаснат како Македонија стана 13-та најбедна земја во светот?

 

Тие повеќе не можат од светот да ја кријат бедата и сиромаштијата во којашто ги втурнаа граѓаните со своите непромислени политики.

 

Криминалите и корупцијата во врвот на власта изедоа безброј нови работни места.

mizerija

 

И лагите за 600 вработувања на ден, преплатени со 20 милиони евра пари на граѓаните повеќе не го спасуваат Груевски.

 

Наместо за нови работни места, оваа расипничка власт парите на граѓаните ги расфрлува за непотребни барокни тендери. Само тендерите за споменици тешки 630 милиони евра изедоа најмалку 123 000 реални работни места!

 

Затоа повеќе од 500.000 граѓани живеат под работ на сиромаштија.

 

Дојде крајот на Груевски доаѓа и крајот на мизерните и бедни политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини