СДСМ: Мартовските пензии со дополнителните 1.000 денари следната недела на сметките на пензионерите

од Берта Китинска
136 прегледи

Како дел од антикризните мерки, во мартовските пензии се вклучени првите дополнителни 1.000 денари, кои како дополнителна финансиска помош пензионерите ќе ги добиваат и со априлската и со мајската пензија, велат од владејачката партија.

Оттаму посочуваат дека со последните усвоени законски измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување е обезбеден континуиран раст на пензиите и со тоа се покажува дека се води вистинска грижа за пензионерите.

-Покрај постојаниот раст на пензиите во изминатите четири години, годинава пензионерите добиваат рекордно покчување на пензиите според Швајцарскиот модел.Оттука, со покачувањето на пензиите и финансиската помош од 3.000 денари за секој пензионер, над 330.000 денари ќе добиваат по 12.000 денари повеќе на своите сметки.И во време на глобална економска криза, СДСМ како одговорна партија преку конкретни и ефикасни мерки продолжува да се грижи за сите категории граѓани, да го заштити нивниот економски стандард, посочуваат од СДСМ.