180
Масовно, гордо и достоинствено, беше одбележан големиот национален празник 2ри Август – Денот на Републиката, соопштуваат утрово од СДСМ.
„Ги воспеваме идеалите на илинденците, револуционерите, асномците, стоиме зад значењето на заедничката борба за стабилна, слободна, независна и просперитетна држава.
Илинден е темелот на македонската државност, паметник на славното минато и светилник кон иднината.
Илинден е нашата сила за европска иднина, да градиме заедничка држава за сите граѓани, држава интегрирана во Европската унија, како врвна стратешка цел“, додаваат оттаму.