СДСМ: Мерките на институциите се во служба на јавното здравје, следуваат казни за оние кои нема да ги почитуваат

од Берта Китинска

Сите државни институции работат во полн капацитет, секојдневно заседава Комисијата за заразни болести која редовно излегува со нови препораки и нови заштитни мерки, Министерството за здравство заедно со лекарите и медицинскиот персонал деноноќно се на работните места со цел да ги спречат последиците од вирусот, Владата е во постојано заседание и будно ја следи состојбата внатре во државата, но и опасностите кои се појавуваат од надвор, соопшти СДСМ.


„За оние кои ќе се обидат на ваков начин да им наштетат на граѓаните, следуват високи казни, но и кривични пријави. Институциите се максимално посветени, заедно со стручни експерти, да продолжат да ја држат ситуацијата под контрола, да нема нови жаришта на вирусот и во статистиката да не заведуваме жртви, туку излекувани пациенти.

Веруваме и во капацитетот на граѓаните и очекуваме дека нивната одговорност и сплотеност ќе помогнат во справувањето со вирусот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини