СДСМ: Месецов ќе има рекордно покачување на пензиите

од Nikola Popovski
135 прегледи

Од пред неколку години година кога минималната плата изнесуваше 8.800 денари, а во текстилната и кожарската индустрија само 6.000 денари, денес континуирано расте, порачаа од СДСМ, поздравувајќи ја одлуката на Владата за зголемувањето на минималната плата за над 2.000 денари од досегашната која изнесуваше 18.000 денари.

Согласно методологијата за усогласување на пензиите, порачуваат од партијата, овој месец 330.000 пензионери ќе добијат рекордно покачување на пензиите од 8,4 отсто.

-Со овие системски решенија минималната плата и пензиите ќе растат без оглед на политичката волја на која било влада, без уцени и притисоци. СДСМ посветено продолжува со мерки и политики за заштита и унапредување на стандардот, со вистинска грижа за народот, тврдат од владеачката партија.

Слични содржини