СДСМ: Мицкоски да ја прекине блокадата на Скопје, изживувањето врз граѓаните да запре

од Vladimir Zorba
185 прегледи

„Христијан Мицкоски треба да ја прекине блокадата на Скопје! Неговите директори од ВМРО-ДПМНЕ, членови на Управни одбори во ЈСП и во другите јавни претпријатија, мнозинството во Советот, сите од ВМРO-ДПМНЕ да седнат и да најдат решение на проблемот. Изживувањето врз граѓаните мора да запре“, велат од СДСМ.

„Заради Мицкоски и неговата политичка режија работниците не може да стигнат на време на работа, учениците на училиште, студентите на факултет, на лекар не може да се отиде, не може да помине брза помош, ниту пожарна.

Граѓаните трпат штета од кавгите за тендери меѓу Мицкоски и Арсовска и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ да управува со главниот град.

Недозволиво е скопјани да трпат штета заради нивните бизнис и партиски интереси.

СДСМ во име на граѓаните бара веднаш и без одлагање Христијан Мицкоски да издаде партиска директива до неговите Данела Арсовска, Трајко Славески, директорите и раководителите на Јавните претпријатија на град Скопје и до неговиот поддржувач Ленин Јовановски, веднаш да ги тргант блокадите, веднаш да го ослободат градот Скопје и да ги ослободат скопјани да можат слободно и безбедно да се движат во нивниот главен град.

Доста беа блокади во Собранието, доста беа блокади во државата, доста беа блокади на евроинтеграциските процеси. Граѓаните и СДСМ бараат веднаш да прекине и блокадата на главниот град“, додаваат оттаму.

Слични содржини