СДСМ: Мицкоски да каже дали патувал со бизнис класа и карта од 4.000 евра

од Vladimir Zorba
59 прегледи

„Мицкоски молчи и не одговара на прашањата кои се отворени за неговото патување во Вашингтон, со што ги потврдува сомнежите за негово луксузирање на сметка на граѓаните“, соопштија од СДСМ.

„Наместо да се крие Мицкоски треба да каже дали тој за САД патувал со бизнис карта вредна над 4.000 евра?

Нека им ја покаже сметката на граѓаните, на оние кои му ја платиле авионската карта.

Во кампањата полна му беше устата за одговорност и транспарентност а сега прави обратно.

Граѓаните гледаат расфрлање со народните пари, фамилијарни прошетки за САД во бизнис класа.

Особено што постојат информации дека и други министри патувале со бизнис класа и скапи карти.

Владата и Мицкоски веднаш да ги објават сметките и трошоците за ова патување затоа што граѓаните мора да знаат колку пари платиле за прошетките на Мицкоски и министрите“, додаваат оттаму.

Слични содржини