Во СДСМ повторно порачаа дека опозицијата е антизападно ориентирана.
–Факт е дека Христијан Мицкоски е анти-ЕУ политичар, а ДПМНЕ е антизападна партија. Мицкоски и ДПМНЕ без аргументи, го блокираат продолжувањето на европскиот пат на државата и членството во ЕУ, соопшти владеачката партија.
Од „Бихаќка“ наведуваат дека ВМРО-ДПМНЕ не поддржа ниту една одлука за евроинтеграциите и правеше се за ја загрози европската иднина.