СДСМ: Мицкоски е единствениот кој не кажа збор за случајот со омаловажувањето на жените на интервју на Јутјуб

од Stefanija Kuzmanovska
128 прегледи

Христијан Мицкоски е единствениот кој не кажа ниту збор за случајот со ксенофобија, дискриминација, омаловажување и деградирање на жените на интервју на Јутјуб канал за кој надлежни институции веќе постапуваат, наведуваат од СДСМ.

„Исто така, Христијан Мицкоски не го осуди ниту бруталниот чин на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој во собраниската сала ја навреди и се обиде физички да ја нападне пратеничката Жаклина Лазаревска.

Мицкоски требаше јавно да се произнесе, да ги осуди овие случаи и да ја искине партиската книшка на секој еден член на ВМРО-ДПМНЕ кој вака постапува.

Во време кога целата јавност испраќа јасна порака против говорот на омраза и сите форми на родово базирано насилство, Мицкоски молчи за овие случаи.

Прашњето е дали со овој начин на однесување, дали со молкот Мицкоски се става на погрешна страна и индиректно ги заштитува протагонистите на говорот на омраза и омаловажување на жените?“, стои во соопштението.

Слични содржини