СДСМ: Мицкоски и Милошоски се дел од стотиците примери во ДПМНЕ за непотизам

од Nikola Popovski
275 прегледи

Христијан Мицкоски и Антонио Милошоски се дел од стотици примери во ДПМНЕ за непотизам. Мицкоски е вработен на Факултет кај својот татко, прво како асистент, обвинија утрово од СДСМ по обвинувањата за вработувања во државните институции.

Според партијата на власт, Мицкоски во минатото раководеше со АД ЕЛЕМ, а токму во ЕЛЕМ- турс беше вработен Горан Манасиевски, прв братучед на Христијан Мицкоски, соопштуваат од СДСМ.

-Милошоски цела фамилија ја вдоми со ДПМНЕ. ДПМНЕ, која има долгогодишно искуство во узурпирање и партизација на институциите, е симбол за непотизам, стои во соопштението од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека „Ковачевски не е портпарол на владата за вработувањата во М-НАВ, но очигледно не е ниту некаков фактор во владата“.

Од партијата велат, неговото „не сум портпарол“, е новото „прашајте ја институцијата“ секогаш кога Ковачевски нема одговори.

-Кога Ковачевски изјавува дека имало вработувања до трето колено во М-НАВ, очигледно мисли, на неговиот партиски колега и министер Љупчо Николовски, каде е вработен неговиот внук, а според признанието на самиот Николовски во 2018, таму се вработени и чичко му и братучед му.

Понатаму, не заостануваат ни од ДУИ, во партиските и роднински вработувања, па така: Бујар Османи вработил сестра, Артан Груби ја вработил снаата, Ејуп Алими (експратеник на ДУИ) – две снаи и син, Беким Незири (притворен како предводник на групата тепачи) – си го вработил внукот.

Јавноста памети дека од 2018, континуирано алармираме за партиски вработувања во М-НАВ, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини