Баш му е гајле на Мицкоски за граѓаните, за народот. Заслепен од луксузот во Белата палата Христијан Мицкоски не сака семејствата месечно да заштедуваат пари со помалите сметки за пазарење, велат од СДСМ како реакција на денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според владеачката партија, „ВМРО-ДПМНЕ сака само да зема од џебот на граѓаните, народот да биде сиромашен, а работниците да бидат евтина работна сила.
-Затоа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во секоја општина зголемуваат цени на комунални услуги и ги задолжуваат граѓаните. Мицкоски е докажан непознавач и на политиката и на енергетиката а потврдува и дека нема основно чувство за потребите на народот. СДСМ и Ковачевски се на страна на граѓаните. Ќе продолжиме да го штитиме стандардот на народот, да ги покачуваме платите и пензиите и да ги намалуваме цените, велат од СДСМ.
Мицкоски денеска изјави дека замрзнувањето на цените како мерка за борба против инфлацијата е антитеорија, антипракса и антиекономска мерка.
Според него, еден ден замрзнуваат цени за два дена потоа под притисок на тие луѓе, кон кои, како што кажа, имаат концесија и како луѓе и како политичари повторно да имаат нова седница на Владата и да ги одмрзнат цените на истите производи.