Мицкоски е тој што нема заковано шајка во животот, кој не знае ни што е градба, ни што е изградба, кој последен претставник на црвената буржоазија, затоа што цела кариера ја има изградено поради неговиот татко каде прво бил асистент, а потоа и вработен, велат од СДСМ на денешните изнесени ставови на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изградбата на Коридорите 8 и 10Д и Договорот со „Бехтел и Енка“.
Според партијата на власт, „Мицкоски знае само за спинови и лажни вести, за друго ништо не знае, ниту го бива, тој е непознавач на економијата, на политиката, на енергетиката“.
-Како функционира ВМРО-ДПМНЕ се гледа со автопатот Кичево – Охрид, синоним за криминал и корупција, за провизии од тендери на штета на државата и граѓаните, порачаа од „Бихаќка“.
Мицкоски денеска на брифинг со новинарите посочи дека Македонија поради Владата ќе треба да плати 300 милиони евра со пеналите заедно, а уште лопата не е фрлена.
-До овој момент тоа што е потпишано не е дел од 1,3 милијарди евра, бидејќи експропријацијата не е ставена во сумата. Ако 350 милиони е експропријацијата на земјиштето, ова најмалку 30% поскап проект, 2,2 до 3 милијарди евра. Имено, на 130 страна е дадена цена за површински ископ 5,36 метар кубен. Во таа цена е вклучен транспорт до 3 км. За секој нареден 0,17 евра за км по тон и тоа би изнесулвало7,4 евра по км. А, како за пример „Гранит“ за истово работи за цена од 2,33 евра по метар кубен за патот од Блаце до село Блаце. Во договорот со „Бехтел и Енка“ подповршински ископ според Договорот ќе чини 8,95 евра м3, „Гранит“ за истово наплаќа 4 евра за метар кубен. Според Договорот исто така може да прават измени во закони, затоа пратениците дале предлог за измени на 9 закони за да се забрза проектот. А, измените ги предлагаат пратениците кои по професија се: психолог, доктор, филозоф, професор по физичко, ликовно итн. Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ниту во Собрание, ниту во Комисиите не гласаа за законот за стратешко инвестирање со „Бехтел и Енка“, рече меѓу другото претседателот на најголемата опозициска партија.