СДСМ: Минималната пензија ја зголемивме за 46 отсто, во септември следно покачување

од Nikola Popovski
302 прегледи

Преку таквата методологија за време на перидот од јануари 2022 година до септември 2023 година, пензиите ќе пораснат за 24 отсто, изјави денеска Елена Устамитова, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика при СДСМ.

Додава дека по рекордното зголемување во март оваа година од 8,4 отсто, веќе од следниот месец пензиите ќе пораснат за околу 6 отсто.

Преку одговорен инклузивен пристап успеавме од 2017 година до сега минималната пензија да ја зголемиме за 46 отсто. Надоместок до пензија, а потоа и пензија обезбедивме и за стечајните работници, а за оние лице кои не ги исполнуваа условите за стекнување пензија, обезбедивме социјална пензија во висина од 6000 денари. Во време на најголема светка економска и енергетска криза, за сите 330.000 пензионери обезбедивме дополнителна финансиска помош во период од три месеци, а за пензионери со ниски пензии обезбедивме и субвенционирање на сметките за електрична енергија, истакна Устамитова, додавајќи дека сето ова се показатели за вистинската грижа за највозрасните сограѓани.

Потенцира дека СДСМ ќе продолжи со креирање и реализација на мерки што значат подобро услови за живот за пензионерите кои ја граделе оваа држава и кои заслужуваат да имаат достојна старост.

Слични содржини