Во јавноста секојдневно излегуваат детали за скандалозна препродажба на земјиште каде вмешани се функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нив е и Влатко Илиевски, човек од личното обезбедување на Мицкоски кој продал земјиште по неверојатна цена од 500.000 евра, соопштија попладнево од владеачката СДСМ.
Од таму бараат „Мицкоски да не се крие зад портпаролите, туку да излезе пред јавноста и да одговори каква е неговата поврзаност со овој скандал?“.
-Дали со негово одобрување и знаење се склучени договорите? Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања? Затоа ли брзаше да се изгласа недоверба на Владата, за да го сокрие овој скандал?, прашуваат од СДСМ.
Според информациите во медиумите се споменуваат повеќе имиња, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како Игор Г, поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Т, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ, но и други лица.Но, скандалот добива драстично поголема димензија која води директно до Мицкоски.Едно од вмешаните лица е и Влатко Илиевски, дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски, соопшти денеска пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска која го покажа Договорот за купопродажба на Илиевски, телохранителот на Мицкоски, вреден неверојатни 500.000 евра.