СДСМ: Мицкоски чувствува одговорност само за спас на криминалците, одговорност за државата ниту имал ниту ќе има

од Берта Китинска
173 прегледи

Христијан Мицкоски чувствува одговорност само за спас на криминалците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ предводени од неговиот ментор во Будимешта, Никола Груевски.

За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одговорноста за државните интереси и интересите на граѓаните се непозната категорија.

Единствената агенда на делување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е обнова на режимот. Затоа се против Законот за Јавно обвинителство, против Законот за одбрана кој е клучен за НАТО, затоа нивните министриво преодната влада ги наполнија кабинетите со кадри излезени од груевизмот. Затоа се закануваат дека ќе го уништат Договорот од Преспа и со тоа го загрозуваат членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ.

Изолација, деструкција, обнова на режимот, дејствување против граѓаните, тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Со таква понуда ги очекува нов пораз на 12 април кога граѓаните ќе потврдат дека сме на вистинскиот пат и ќе порачаат режим – никогаш повеќе.