СДСМ: Мицкоски да поднесе оставка и да се извини за лагите

од Берта Китинска
255 прегледи

Демаскирана е уште една голема лага на Христијан Мицкоски.Се покажа дека со измами, со манипулации не може да се дојде до парламентарно мнозинство.Соочен со пораз на неговите невистини, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните, да се извини и да поднесе оставка, вели на денешната прес-конференција,  портпаролка на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа вели дека со денови, Мицкоски го лажел народот дека има ново мнозинство за да се изгласа недоверба на Владата.

– Наместо да се засрами, да се извини, да понесе одговорност, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со невистини за наводно киднапирање на пратеник.Во време кога истиот тој пратеник јавно објави дека бил под закани токму од опозицијата.Оние кои со меници држеа пратеници денеска полна им е устата со невистини.Затоа оставка. Срам е да не се извиниш за сите лаги и да не поднесеш оставка, вели Кузеска.