СДСМ: Мицкоски е нервозен, неговите градоначалници се фрлија на расипништво

од Nikola Popovski
255 прегледи

Со денови Христијан Мицкоски ја малтретира јавноста со барање за брзи предвремени избори, заради задоволување на своите лични желби. Нервозен е Мицкоски затоа што јавноста гледа дека неговите градоначалници не само што не работат, туку уште во првите месеци се фрлија на расипништво и партизација на општините, велат од СДСМ како реакција на денешното интервју на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според владеачката партија, „Мицкоски со секојдневни барања за избори, со нарачани анкети сака да го оттргне вниманието од неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Данела Арсовска“.

-Новата Влада со полн легитимитет се формираше пред пет дена и нејзиниот мандат е до 2024 година, Мицкоски може да бара избори колку што сака, избори ќе има во редовниот термин, во 2024 година. Граѓаните се уморни од избори и бараат решавање на проблемите а не ново заглавување и закочување на државата. Барањето на Мицкоски е обид за опструкција на општеството, стои во партиското соопштение.