СДСМ: Мицкоски е самобендисан лицемер, за барањата и условите за избори, не може да се договори ниту во својата коалиција

од Берта Китинска
151 прегледи

Лицемерно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ за помалку пратеници во составот на Собранието, тоа е истата партија која со години трошеше пари и организираше избори за дополнителни три пратеници во дијаспората.На тој начин, со изборни неправилности, со едвај стотина гласови ВМРО-ДПМНЕ добиваше три пратеници, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека за своите барања за предвремени избори и укинување на техничката влада Мицкоски не може да се договори ниту во сопствената коалиција,бидејќи Алијанса за Албанците не прифаќа укинување на техничката Влада.

-Мицкоски е уплашен затоа што неговите градоначалници ништо не работат и ја губат довербата од граѓаните, па затоа постојано ја малтретитра јавноста со барања за предвремени избори.Во време на криза, институциите треба да се посветат на работа и проекти, граѓаните се уморни од избори и очекуваат конкретни решенија а не нови избори со кои системот ќе застане.Избори ќе има во редовниот термин, во 2024 година, стои во партиското соопштение.