СДСМ: Мицкоски ги лажеше и плашеше граѓаните дека струјата ќе поскапи за 40%

од Nikola Popovski
228 прегледи

Владеачката СДСМ информира дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со месеци лажел и плашел дека цената на струјата за домаќинствата ќе се покачи помеѓу 30 и 40 отсто и предвидуваше апокалиптични сценарија.

-Денеска, со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на струјата ќе се зголеми за 9,48 отсто што е три до четири пати помалку од лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ со навремено преземени чекори во енергетиката, успеа да го заштити стандардот на граѓаните. Со активирањето на сите капацитети, зголеменото производство на домашна електрична енергија, државата не дозволи поскапувањето на електричната енергија да биде драстично и да создаде ценовен шок, објавија од СДСМ.

Од 30 до 40 проценти зголемување на цената на струјата прогнозираше Мицкоски пред две недели.

-Далеку од вистината е она што деновиве беше пласирано од властите дека цената на електричната енергија нема да се зголеми повеќе од 10 проценти, изјави неодамна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.