СДСМ: Мицкоски и неговото деструктивно однесување, нема да ја спречат европската иднина

279 прегледи
Владејачката, СДСМ, во денешното соопштение го обвинува лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека постојано сака да ги кочи реформите, дека неговата партија е антидржавна, и дека криминалната партија предводена од Никола Груевски, ја држеше 11 години државата во изолација.
ВМРО-ДПМНЕ е антидржавна партија, која работи против евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија и стои на спротивната страна на државата и граѓаните.
Деструктивното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски во последните три години правеше се за да ги закочи реформите, за да го спречи напредокот, за да ја блокира интеграцијата во НАТО и ЕУ.
Криминалната ВМРО-ДПМНЕ предводена од бегалецот од правдата Никола Груевски 11 година ја држеше државата во изолација, скарана со соседите, далеку од евроатлантските интеграции.
Храбрите и мудри политки на СДСМ за само три години ја одведоа државата од раб на граѓанска војна, во полноправно членство во НАТО и пред отворање пристапни преговори за ЕУ.
Продолжуваат реформите и напорите за отворање на пристапните преговори во 2020 година.
Додека СДСМ се грижи за националните и државни интереси, ВМРО-ДПМНЕ се радува на постапката на Бугарија.
Ниту едно деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја спречат нашата европска иднина.

Слични содржини