Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со своите срамни изјави и настапи креираат политичка агенда на штрајкот на СОНК, велат од владејачката партија.
Оттаму посочуваат дека уценувачки потег на раководство на СОНК е одбивањето на предлогот за зголемување на платите за 10 отсто или за .2500 денари во просек во време на најголема светска економска криза.
-Наставниците многу добро знаат дека за период од пет години во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ добија покачување од четири отсто или само 750 денари.За разлика од тоа, СДСМ во овие четири и пол години платите на наставниците ги зголеми за 21 отсто односно од 3.200 до 6.400 денари.Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се последните кои можат да зборуваат за платите во образованието и детската заштита, појаснуваат од СДСМ.