СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат против интересот на граѓаните

од Берта Китинска
240 прегледи

Агендата на Христијан Мицкоски е антидржавна, додека СДСМ води напред, тој постојано нешто блокира, кочи, саботира, дејствува спротивно на интересите на граѓаните и државата, велат од СДСМ.

-Додека СДСМ работеше на решавање на најкрупните прашања кои со децении ја влечеа нашата држава надолу, Мицкоски работеше против успехот на сопствената татковина.

Се обиде да ги закочи процесите за членство во НАТО и ЕУ, работеше против Преспанскиот договор и не аплаудираше на стратешкиот успех: членството во НАТО.

Додека СДСМ, преку институциите, заедно со здравствените работници, се бореше против коронакризата Мицкоски ширеше лаги, го поткопуваше здравствениот систем и го загрозуваше здравјето на граѓаните.

Додека СДСМ, заедно со граѓаните и прогресивните сили се бореше за правда и за ефикасен и независен судски систем, Мицкоски остана во одрбана на криминалот на режимот и преку неговите пратеници во Собранието работеше против новиот Закон за ЈО.

И покрај потврдената доверба кај граѓаните, СДСМ се менува, се демократизира и подобрува, а ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски останува целосно заглавена во режимската матрица.

Се е исто во ВМРО-ДПМНЕ, тоа граѓаните го гледаат и знаат и затоа Мицкоски губи шест пати по ред, стои во соопштението на СДСМ.

Слични содржини