СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

од Берта Китинска
158 прегледи

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека и Христијан Мицкоски ја продолжува праксата на својот претходник, да се меша во работата на сите градоначалници, се наведува во соопштението на СДСМ.

-Очигледно дека и Мицкоски има одредени интереси, па затоа и беше кавгата со Данела Арсовска, за пусти пари.За пусти пари од тендер вреден 136 милиони евра народни пари, Мицкоски и Арсовска се испокараа пред целата јавност.Наместо проекти, предлози и решенија, скопјани од ВМРО-ДПМНЕ видоа само партизација на институциите, неработење и кавги за пари.Тоа, граѓаните на Скопје не го заслужуваат, велат од СДСМ.