СДСМ: Мицкоски има проблем да најде кандидати кои ќе се нафатат да го понесат извесниот пораз

од Nikola Popovski
170 прегледи

Вечерва Христијан Мицкоски самиот си потврди дека нема понуда за Град Скопје па затоа мора да се затскрива зад наводна независна кандидатка, соопштија од владеачката СДСМ.

Според нив и самиот Мицкоски е свесен дека го чека пораз на претстојните локални избори како во Скопје така и низ најголемиот број на општини.

-Мицкоски може да блефира колку сака, факт е дека на неколку дена пред крајниот рок, има проблем да најде кандидати за градоначалници кои ќе се нафатат да го понесат извесниот пораз. Тоа е така затоа што граѓаните знаат дека во понудата на Мицкоски покрај деструкции и лажни вести има стари истрошени кадри луѓе на Груевски кои биле дел од режимот, стои во соопштението од „Бихаќка“.