СДСМ: Мицкоски ја покачи струјата за 100% кога немаше никаква криза

од Берта Китинска
207 прегледи

Мицкоски ја покачи струјата за 100% кога немаше никаква криза a на светски берзи беше поефтина за 22 пати.Живееме во време на глобална економска и енергетска криза, предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина, поради којашто цените на светските берзи на енергијата вртоглаво растат, велат од владејачката партија.

-Поради глобалната криза цените на сите енергенси во светот се покачени а рекордно покачување има и цената на електричната енергија. На крајот на август цените на германската берза достигнуваа над 700 евра за мегават час, додека на француската берза над 800 евра за мегават час. А овие берзи ја одредуваат цената на струјата во Европа.Мерки за амортизирање на растечките цени на електричната енергија Владата предводена од СДСМ преземаме веќе една година. Се субвенционира и до 80% цената на струјата за граѓаните, производствот домашно е зголемено, а тука е и мерката за намалувањето на ДДВ-то за електрична енергија од 18% на 5%. Така, цената на електричната на енергија на регулираниот пазар кај нас е 5 пати пониска во однос на пазарната цена на струјата – поради поддршката која државата ја дава за домаќинствата и дел од компаниите кои се мали потрошувачи, посочуваа од СДСМ.

Оттаму велат дека во 2006 година, цените на електричната енергија на светските берзи биле за 22 пати пониски, а според официјалните документи просечната цена во 2006 година на увезена струја била 36,97 евра за мегават час.

-Токму во тој период, цената на струјата кај нас и токму од ВМРО-ДПМНЕ е зголемена за 100%.Во 2006 годината, кога ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта цената на киловат електрична енергија изнесувала 2.95 денари по киловат час.Во 2017 кога ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција, цената на киловат час изнесува 4.95 денари што е речиси 100 отсто зголемување.Мицкоски во овој период беше директор на ЕЛЕМ и советник на Никола Груевски за енергетика.Тоа е учиникот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во енергетиката, 100 отсто поскапа струја за граѓаните во време кога немало никаква криза, ниту економска ниту глобална, велат од СДСМ.